Во тек е протестниот марш од страна на коалицијата Алијанса-Алтернатива во знак на револт за изборниот ден и пребројувањето на гласовите од предвремените парламентарни избори.

Во живо во вестите на ТВ21 се вклучи и генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари кој истакна дека пораката на маршот е да не повторат претходните грабежи и криминали кои се случуваат во последните 18 години.

На прашањето од новинарот на ТВ21, дали е можна коалиција со СДСМ и Беса, Таравари посочи дека се е можно.

Се е можно, но многу тешко и скоро невозможно е да се направи коалиција со ДУИ, тоа е најтешко и неверувам да биде, меѓутоа повторно одлучуваат органите на партијата, изјави Таравари за „ТВ21“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.