Генералниот секретар на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, тврди дека освен „сигурните“ 61 пратеник, се преговара и со неколку пратеници на СДСМ кои, според него, биле разочарани од партијата.

Од синоќа имаме ново мнозинство што во наредните денови очекуваме да порасне до 64-65 пратеници. Преговараме со неколку пратеници. Меѓу нив има и членови на СДСМ кои се незадоволни од криминалното владеење на СДСМ и на ДУИ. Мислам дека најпрво треба да се случи промената, државата да се декриминализира и да почне да чекори по вистински пат – изјави Таравари за „Канал 77“.

Според Таравари, новата влада би траела една и пол година и нејзина задача би била декриминализирање и чистење на институциите од ДУИ, па дури потоа да се пристапи кон организирање на демократски и фер избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.