-После 3 години опозиција ги сметам ВМРО-ДПМНЕ за реформирани не би сакал ниту да помислам дека сакаат да напраат опструкција на законот за Јавно обвинителство, со овие зборови му се обрати Арбен Таравари од Алијансата за Албанците на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата во емисијата Топ Тема на Телма ТВ.

Веднаш по ова, Димовски му се заблагодари на Таравари за искажаните зборови по што додаде дека очекува од Алијансата за Албанците да понудат добра политичка програма на претстојните избори.

-Јас Алијансата за Албанците ги сметам за опозициска партија и сметам дека ќе имаат да понудат нешто ново на овие избори, некоја друга подобра политика, рече Димовски.

Моментално на политичката сцена траат преговорите околу тоа кој со кого ќе коалицира на претстојните парламентарни избори кои начелно се договорени да се случат на 12 април. Во јавноста и досега се шпекулираше дека овие две партии ќе направат коалиција по изборите, додека пак СДСМ повторно ќе се обиде да формира влада со досегашниот партнер од албанскиот блок, ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.