Арбен Таравари, градоначалник во Гостивар и генерален секретар на Алијансата на Албанците во своето гостуваење во емисијата „Што не е јасно“ рече дека според него претходните политики на ВМРО-ДПМНЕ биле покоректни од политиките на СДСМ.

Бесплатни учебници, јавниот транспорт за децатадо училиште да биде бесплатен, намалување на квотите на студентите на универзитетите, додаток за трето дете, тоа беа мерки кои го направи ВМРО-ДПМНЕ. Дојде СДСМ на власт и го поништи тој додаток и затоа мислам дека одредени политики на ВМРО-ДПМНЕ беа покоректни отколку овие политики на СДСМ, рече Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.