Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари смета дека ако на Косово победат движењето Самоопределување и Албин Курти, ќе осамне нов ден за Албанците.

Албанската пролет почна“, вели тој.

По посетата на Курти во Гостивар, Таравари на својот фејсбук-профил ги повика Албанците да гласаат за Самоопределување и рече дека тој го смета Курти за „лек“ за заздравување на косовското општество и за благосостојба на сите Албанци.

Споредувајќи го карциномот, една од најагресивните дијагнози, со политиката, Таравари рече дека „државните институции“ се вплеткани во криминал.

Добрата вест, верува тој, е дека овој карцином може да се излечи, но додава дека тоа бара единство, односно ангажирање на сите.

Почнувајќи од Косово и продолжувајќи кон Северна Македонија, акцијата почна, албанската пролет почна! Во име на ова, ги повикувам сите Албанци во Македонија да го поддржат Самоопределување на Косово. Со победата на Косово, тоа ќе биде најголемиот чекор кон зачувување на нашите семејства од карциномот на властите што ни го загрозува животот. Самоопределување нека победи на Косово, нека осамне нов ден за Албанците“, напиша Таравари на својот фејсбук-профил.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.