Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 откри дека почнале формални преговори за ново мнозинство.

Моменталното владино мнозинство има 62 пратеници, а опозицијата има 58. СДСМ тоне секој ден се повеќе и повеќе. Од урбани општини добија само Центар и Струмица. Од денес почнавме формални преговори. Со сите опозициски партии. Сега за сега нема ништо конкретно, но наша работа е да работиме за ново мнозинство, вели Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.