Вечерва паднаа маските во Собрание, порача гостиварскиот градоначалник и пратеник од АА, Арбен Таравари за вчерашната собраниска седница. Според Таравари, Талат Џафери во кординација со парламентарното мнозинство создава драма и не дозволуваа гласање на петиот пакет економски мерки.

Цела опозиција беше во Собрание и побаравме да се стават на дневен ред законите за кои не обвинуваа нас иако ние ги повлековме амандманите и гласавме во комисија. Додека пратеничката Илире Даути предложи гласање на економските мерки, пратениците на ДУИ тропаа на масите против граѓаните. По целата врева и хаос кој го создадоа самите, спикерот на Собранието создаде неколку траги-комични драми и ја прекина седницата. Талат Џафери најави и карантин на Собранието со што комично ќе ги остават граѓаните и компаниите без, и така малата, економска подршка. Мнозинството и Владата треба барем еднаш да излезат и да бидат искрени, да признаат дека немаат пари ни воља да им помагат на граѓаните и стопанството и да си одат дома, а не да се обидат да ја потценуваат интелегенцијата на нашите сограѓани, вели Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.