Неврологот и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари ја смета за скандалозна одлуката на Министерството за здравство да ја направи Клиниката за Неврологија нов ковид-центар.

Како може барем еден неврохирург да одлучи за Клиниката за неврологија, каде има тешко болни пациенти да стане ковид-центар. Ова е несфатливо и скандалозно од огромни размери. По која логика ја избраа неврологија, не можам да разберам“, изјави Таравари.

Според него, Неврологија би можела да биде Ковид-центар само тогаш кога би се исполниле сите интернистички гранки.

Министерот Филипче уверува дека веќе е направен план пациентите да бидат прегледувани во соодветни амбуланти како во рамки на интерната клиника, така и во рамки на хирушките клиники во делот на неврохирургијата.

Делот за Неврологија оделот во болницата 8 септември и еден посебен физички оделен дел на клиниката за неврологија кој што е одел за нефрофизиологија. Значи на ниту еден од пациентите на кој што му е потребна ваква помош, нема да му биде скартена ќе бидат сосем соодветно и навремено третирани, изјави Филипче.

Според Министерството за здравство, направен е и систем на ротација на лекари и медицински пероснал за да се покријат сите тековни интервенции и амбулантни прегледи на скопските клиники. Резервите ги троши и Институтот за ТБЦ, па затоа следни ковид центри ќе бидат Кожната клиника и Неврологија.

Следни се кожно и нервно каде ќе има 66 кревети за прием на ковид пациенти. Тие се одделени од амбулантите кои ќе продолжат со прегледите, секако со смалено темпо, но вакви специјалисти има во здравствените домови каде граѓаните ќе можат да добијат здравствени услуги, изјави проф.д-р Дејан Докиќ, директор на Клиника за пулмологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.