Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во изјава за ТВ Клан потврди дека има формирано ново парламентарно мнозинство.

Таравари во изјава при излегување од Парламентот соопшти дека новото мнозинство ги има потребните 61 пратеник.

Ново мнозинство, 61 – изјави Таравари во одговор на новинарско прашање.

Формирањето на новото мнозинство во Собранието го потврди и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во објава на својот фејсбук профил објави дека е формирано новото парламентарно мнозинство.

Парламентарното мнозинство брои 61 пратеник, но од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат зголемување на бројот на пратеници во мнозинството. Се очекува изјава за медиумите во текот на утрешниот ден.

Новото парламентарно мнозинство го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците и Левица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.