Градоначалникот на Гостивар и потпретседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во интервју за „Фокус“ тврди дека ДУИ како партија се веќе 20 години инфилтрирани во сите институции и дека поради тоа никој не може да ги тргне од власт.

ДУИ секогаш било декор во секоја влада, па, исто така, декор е и во оваа. Тие се партија, која по секоја цена сакаат да бидат на власт, бидејќи зад нив имаат многу криминал и корупција. Тие би направиле сѐ за да останат на власт. Кога би сакала државата да ги дисциплинира, нема никаков проблем. Кај ДУИ има убиства, кражби, криминал, но никој ништо не им може, вели Таравари во интервју за „Фокус“..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.