Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар вечерва во 24 Телевизија истакна дека Заев ќе доживее дебакл во албанскиот блок, затоа што нема една инвестиција во ниедна албанска општина, и дека ако добие половина од гласовите кои ги добил од албанците минатите избори треба да е среќен.

Прашањето кое ми беше упатено беше дали Заев ќе има 70 до 100 илјади гласови во албанскиот блок, јас кажав Заев ќе има дебакл во албанскиот блок , затоа што ниедна инвестиција нема во ниедна албанските општини – истакна Таравари.

Таравари критикуваше дека нема инвестиција ниту онаму каде има СДСМ има градоначалник којшто е албанец, но нема ниеден проект, вели Таравари.

Градоначалникот истакна дека во нашата општина немаа донесено една маска, ниту пак некој министер не праша дали нешто ни треба во три месеци криза, во општина каде живеат 70% албанци.

Еден проект за кров во едно училиште во Гостивар кој одеше преку УНДП, а доаѓа Заев вели ние го направивме, тоа е перверзија, нема еден проект од владата за Гостивар, рече Таравари за лагите на власта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.