Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во денешната емисија Клик Плус на ТВ21 говореше како течеле разговорите за собирање потписи за рушење на владата.

Тој ден, во четвртокот имавме 61 пратеник без Левица. Ова ви го гарантирам. Имаше уште двајца пратеници кои не можам да ги кажам со имиња. Ден пред тоа Кастриот Реџепи ми рече „Што побргу да падне оваа влада“. Што се случи во четвртокот видовме сите. Не овозможија да има дебата, па после гласање. Да дозволеа да има гласање сигурно ќе паднеше владата дури и без Кастриот, вели Арбен Таравари од АА.

Тој додава дека планот бил да падне владата па да се договори програма за новата влада како и да се договорат која партија кои ресори ќе ги води.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.