Градоначалникот на Гостивар и поранешен министер во владата на Зоран Заев Арбен Таравари остро реагираше на веста за покренатата дисциплинска постапка против Ѓорѓи Илиевски, инспекторот кој обзнани сомнение за незаконско унапредување на јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

Место да се охрабрат и да се поддржат луѓето кои што пријавуваат нерегуларности и незаконитости, кај нас тие се казнуваат. Оваа е една од главните причини зошто младите бегаат од државата, пишува Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.