Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, за ТВ24 изјави дека целата е граѓаните да се ослободат од корумпираната власт во Македонија. Тој во изјава за ТВ24 потврди дека имаат потпис од 61 пратеник за ново парламентарно мнозинство.

Има 61 потпис од пратеници за да се земе мандатот, го авторизиравме Мицкоски да продолжи со преговори, уште 3-4 пратеници има можност да се приклучат на новото мнозинство, па тогаш ќе седнеме и ќе разговараме за условите и функционирањето на Владата. Имаме една цел, оваа корумпирана власт, корумпирани институции да ги ослободиме и граѓаните да се чувствуваат слободни. Заев знае како е рангирана на листата на корупција во светот Македонија, вели за ТВ24 генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.