Една од целите на Алијансата на Албанците која го поддржува кандидатот Блерим Река е да се делегитимира ДУИ сега на претседателските избори и на наредните парламентарни. Тој рече дека македонските партии три пати се менуваа на власт во период во кој ДУИ е континуирано во влада. Тоа е едноумие, рече градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Таравари ја обвини ДУИ дека вработувала паразити во администрацијата и рече дека и дека од таквите феномени на Албанците им е дојдено преку глава.

Имам 60 вработени во општината кои се паразити на ДУИ, ништо не работат и земаат плата, рече Таравари.

Тој рече дека не му е јасно нешто околу судските пресуди кои ги води СЈО:

Кажете ми една коруптивна афера која ја споменал Заев поврзана со ДУИ а да завршила со пресуда?

За претседателските избори Таравари рече дека „ние сме сконцентирани на првиот круг, првата цел ни е Река да оди во втор круг, и втората цел ни е да ја делегитимираме ДУИ која тежи 40-50 илјади гласови“.

Според него, нема да има датум за преговори со ЕУ во јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.