Гостивар е меѓу градовите кои што има помал број на активни случаи. Како локална администрација одлучивме да работиме во смени, во денови. Имаме комуникација со гостиварската болница. Одделот за инфективни болести е 80 отсто исполнет, но и другите оддели се спремни да интервенираат доколку е потребно, рече во телефонско јавување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалникот на Гостивар, д-р Арбен Таравари.

Не очекуваме од Филипче да биде компетентен да ја менаџира оваа ситуација. Мислам дека грешка кај министерот е што ја брани Комисијата која што ја изгуби битката. Оттаму само тераат демагогија дека сè е под контрола, а не е така. Државата сè уште нема алгоритми како да се третира болеста во различни стадиуми. Караџоски, без да ми се налути, смета дека треба да му рече на министерот да донесат нови луѓе коишто би помогнале. Во таа комисија има луѓе коишто се назначени во 2017 година, а се немаат појавено, ниту некој ги викнал да учествуваат во нејзината работа – изјави Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.