Откако ДУИ информира дека се надминати внатрепартиските превирања за составот на новата влада, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на Фејсбук напиша дека во ДУИ не ни постоел конфликт, туку сето тоа било блеф за дефокусирање на јавноста.

Конфликтите во ДУИ беа обичен блеф, за да ги дефокусираат Албанците во СРМ, од неисполнувањето на единственото ветување што го имаа во овие избори, премиер Албанец – напиша Таравари.

Претходно, во јавноста се појавија информации дека најголемо незадоволство во партијата на Али Ахмети има кај пратеникот и партискиот потпретседател Изет Меџити, кој барал тој да предложи вицепремиер, со што би се истумбала и министерската листа, односно Бујар Османи не би бил министер, а на негово место во Министерството за надворешни работи (МНР) би дошол Артан Груби.

Сепак, Меџити денеска порача дека ќе гласа за новата влада без оглед на несогласувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.