Република Македонија е држава со најголем морталитет во регионот, па и во Европа и треба да се размисли кој ги прави грешките, изјави во своето гостуваење во емисијата „Што не е јасно“, градоначалникикот на Гостивар, Арбен Таравари

Зборувајќи за Ковид пандемијата во државата истакна дека државата е единствена во регионот која нема стратегија како да се постапи ако 20% од тестираните се позитивни, ако 15% се позитивни од тестираните и така натаму.

Македонија е рангирана со последен четврт степен на успешност во менаџирањето и мислам дека одговорност треба да се бара од некого. Македонија е мала држвата и треба да се седне да се види кои се најдобрите епидемиолози и најкомпетентни и ако не ја смениме целата комисија барем да бараме таа да се прошири и да се повикаат одредени луѓе без разлика на која партија припаѓаат. Јас гледам во таа комисија тенденцијата е да бидат партиски луѓе и затоа мислам дека треба да се седне да се направи тим кој ќе ни даде најдобри препораки. На Клиниката за инфективни болести вие се уште немате препораки како да се лекува еден пациент со Ковид-19, додаде Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.