По јавното објавување на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ за локалните октомвриски избори, од опозициската коалиција на партиите на Албанците, Алијанса (АА) – Алтернатива велат дека се отворени за соработка со сите партии кои сакаат промена, транспарентност и правилно и чесно управување со општините.

Договорот СДСМ-ДУИ е од формирањето на владата во 2020 година, и е идентичен со оној од 2017 година за локалните избори. Но, ете сега беше јавно објавено и разбраа и другите коалициони партнери и сите граѓани. Анкетите и искуствата од сегашните градоначалници на коалицијата СДСМ-ДУИ, покажуваат дека главно тие се неуспешни и без кредибилитет кај граѓаните и во вакви окoлности им е потребна соработка со народот за да се запре злото, нетранспарентноста, криминалот и корупцијата на локално ниво. Како коалиција AА-AAA сме отворени за соработка со сите политички партии, граѓанскиот сектор, но и самите граѓани кои сакаат промена, транспарентност и правилно и чесно управување со општините. Сме отворени и подготвени за соработка со сите за да ги донесеме промени за подобра иднина за сите –изјави генералниот секретар на АА, Арбен Таравари за „Слободен печат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.