Преговорите за влез Алијансата за Албанците (АА) во владината коалиција се при крај и најверојатно ќе завршат до утре, изјави денеска за МИА лидерот на партијата и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

Во однос на преговорите, претседателот на АА појасни дека повеќето прашања се затворени и дека се договорени „поголемиот дел од работите“.

Се надевам дека денеска или утре конечно ќе ги завршиме преговорите за евентуалниот влез во Владата и тоа официјално ќе го објавиме – рече Таравари.

Околу распределбата на функционерските места и министерски ресори, лидерот на Алијансата за Албанците напомена дека за тоа сè уште разговара, па затоа, како што нагласи, не би било коректно да зборува околу тоа во овој момент.

За ова прашање, според него, се уште се водат меѓупартиски консултации на владините коалициски партнери.

Сè ќе биде појасно до утре, но ќе почекаме на консултациите кои се во тек помеѓу работните групи на партиите од владиното мнозинство – подвлече Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.