Генералниот секретар на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, денеска на прес- конференција во Гостивар, се осврна на именувањето на Љубомир Фрчкоски за амбасадор на Македонија во ОН во Њујорк и побара од претседателот државата Стево Пендаровски да го повлече указот.

Овој указ низ мрак на претседателот Пендаровски е невиден дипломатски скандал и навреда за повеќето граѓани, од повеќе причини. Првата се однесува на политичкиот ангажман и длабоко антиалбанскиот пристап на Фрчкоски – оцени Таравари.

Затоа го повикуваме претседателот Пендаровски, ако по секоја цена сакаат да го направат Фрчкоски амбасадор, единственото место каде што овој поединец би бил прифатлив е Путиновата Москва, но во никој случај престолнините на нашите западни сојузници, рече Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.