Арбен Таравари градоначалникот на Гостивар и поранешен министер за здравство, вечерва на 24 телевизија истакна дека членовите на Комисијата за заразни болести како и претседателот на Комисијата Жарко Караџовски, треба да се повлечат од функциите заради неуспешност во менаџирање со состојбата со вирусот во земјава.

Дефинитивно сметам дека претседателот и Комисијата за заразни болести имаат морална одговорност да се повлечат од функциите во Комисијата, затоа што бројките споредбени со сите држави од регионот по објективни мерења не сме менаџирале добро со состојбата, ние сме 120 на ранг листата по успешност во справување со состојбата со вирусот – истакна Таравари.

Тој вели дека најголемата грешка беше мерката за карантин во Скопје за празниците, што од град каде што има огромен број на заразени, се стави во полициски час, а тоа население отиде во други градови, да го пренесува вирусот.

Мерките кои се носеа беа од Комисијата за заразни болести, ние како партија побаравме претседателот на таа Комисија да се повлече, затоа што креаторот на овие политики е Комисијата и тука е дефектот – вели Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.