Гостиварскиот градоначалник, др. Арбен Таравари од АА, вечерва во „24 Анализа“ посочи дека загрижувачка е ситуацијата со бројката на новозаразените од Ковид-19 и процентот на новозаразени кој секојдневно расте.

Да не говориме за морталитетот, некој вели па апсолутни цифри кажувате. Еве да не збориме за апсолутни цифри, да збориме за починати на милион жители, Македонија е апсолутен шампион во регионот. Ние сме први со околу 400 веќе на милион жители, после нас е Косово со 320-30 на милион жители. После е Босна некаде со 200, многу помалку од нас, и да не збориме Хрватска, Грција, Србија, сите да ги соберете заедно доаѓа колку Македонија, нагласи Таравари.

Таравари додаде дека процентите на смртноста во Македонија се доста високи дури и загрижувачки во однос на другите држави во регионот. Смета дека изборната кампања беше каписла за зголемувањето на бројот на новозаразени, како и свадбите, забавите и собирањата. Тој смета дека мора да се работи, но и да се придржуваме кон протколите. Според Таравари, Комисијата за заразни болести нема стратегија и протоколи како да се третираат пациентите со ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.