Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најави дека во петок ќе биде донесена одлуката за евентуален влез во Владата.

На новинарско прашање и коментар околу давањето поддршка за обезбување на кворум за одржување на седница во Собранието дека тоа значи поддршка на мнозинството и влез во Владата, Тараври одоговори тоа што некоја партија ќе обезбеди кворум за работа на Парламентот не значи и влез во Владата.

Не, нема врска. Не е прв пат некогаш ние, а друг пат ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди мнозиство за да функционира Собранието. Сме правеле и мнозинство кога се носеше Буџетот. Така ќе продолжиме без разлика на се, изјави Таравари на настан по повод одбележување на Денот на турскиот учител во Гостивар.

Тој дополни дека Алијанса за Албанците придонела и за кворум за гласање на францускиот предлог и договорот со Бугарија и напомена дека и покрај тоа што се во опозиција во одредени ситуации, кога како партија и пратеници ќе оценат дека на работата на Собранието му треба подршка, тоа ќе го прават.

Околу одлуката за формирање на преговарачки тим и дали официјално ќе почнат преговори за влез во Владата, лидерот на АА, изјави дека за в петок закажал состанок со централното претседателство на партијата.

Таму ќе ги носиме финалните одлуки, бидејки знаете дека Централното собрание му одреди на Централното претседателство да ја донесе конечната одлука и евентуално ако има потреба да формира и преговарачки тим. За тоа ќе ве информираме навреме, истакна Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.