Министерката за надворешни работи на Словенија , Тања Фајон, изрази поддршка за европскиот предлог со кој како што вели, Македонија треба што поскоро да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

Како вистински пријател на проширувањето на ЕУ на Западен Балкан, Словенија го поддржува отворањето на пристапните преговори со Македонија што е можно поскоро. Држам среќа, предлогот на француското претседателство и ЕУ ќе го отвори патот.Тоа ќе биде многу потребен позитивен сигнал за целиот регион“, напиша Фајон на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.