Танчерите Зоран Заев и Оливер Спасовски предизвикаа хаос во Куманово, сметаат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Додека тие танцуваат со пандемијата, животите на илјадници кумановчани се загрозени. Илјадници стари и изнемоштени, хронично болни и семејства со мали деца беа оставени да се снаоѓаат со храна, намирници и лекови само заради тоа што танчерите решија да ги известат со задоцнување за воведувањето на тридневен полициски час. Заев и Спасовски задлабочени во танцот, заборавија навреме да ги предупредат граѓаните да се подготват и го принудија цело Куманово во неколку часа да излезе на улица со што создадоа услови за масовно ширење на вирусот и ги доведоа во опасност животите на кумановчани, смета ВМРО ДПМНЕ.

Спред партијата Република Македонија нема време за импровизации.

Потребна е одговорна економска политика веднаш. СДСМ не ја познава економската логика и ја турка државата кон бездна. Десетици илјади работници ќе останат без плата поради квази мерките на Владата, кои имаат за цел да носат политички поени на Заев, ама не и помош на фирмите, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека наместо квази мерки, Владата треба веднаш да изврши пренамена на средствата од вториот пензиски столб.

Дополнително банките да издадат благајнички записи за државни обврзници. Потребна е брза реакција. Веднаш! Економијата нема време за чекање. Луѓето не се експериментални глувци. Незнаењето на СДСМ создава паника и несигурност кај граѓаните.  Аматеризмот не смее да продолжи. Доколку СДСМ не знае, тука сме да помогнеме, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.