Македонската поп пејачка Тамара Тодевска може да добие казна затвор од три месеци до три години поради нарушување на честа и угледот на Република Македонија и државните симболи.

Според членот 178 од Кривичниот законик тој што „со исмејување намерно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна ќе се казни со затвор од 3 месеци до 3 години”.

Тамара синоќа на приемот на американската амбасада по повод 4 јули ја изведуваше македонската химна. Но, таа во изведбата свесно го пропушти првиот стих од химната во кој се споменуваат Гоце Делчев и Даме Груев. Ова во јавноста се третира како обид за исмејување и непочитување на националниот симбол.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.