Претседателот на општинската организација на СДСМ Прилеп, Миле Талевски, кој денеска се најде во средиштето на аферата што ја објави ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, на прес-конференција, а во интерес на вистината, изнесе „неколку факти поврзани со денешната таканаречена петарда која ВМРО-ДПМНЕ си ја испука во сопствената рака“.

ДПМНЕ прави очајнички обид да ја дефокусира јавноста од аферите во кои е инволвиран Христијан Мицкоски, продолжената рака на Никола Груевски. Денешната снимка самата покажува на јавноста што значи одделување на партијата и државата. Станува збор за снимка направена на партиски состанок, во партиски простории, во предизборие, кога се бара глас повеќе од граѓаните како и во секоја друга кампања. Повторувам, jас и Горан Сугарески, на тој редовен состанок во партијата, сме во улога на партиски функционери кои одржуваме партиски состанок во партиски простории, надвор од работно време, рече Талевски.

Талевски вели дека на снимката ги повикувал членовите на партијата, независно каде се вработени, да работат исклучиво согласно закон, професионално, чесно, без најмала доза на ароганција, и сето тоа во интерес на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.