Премногу раскрчмувања на државата во многу кратко време.
Во неколку дена се случија толку многу работи што човек не е способен да ги процесира. А каде се останатокот од триесетте години крадење и раскрчмување?!

Во статус на Фејсбук Ивор Мицковски набројова само дел од се што ни се случи само денеска.

Криминални набавки на јаглен преку штотуку отворени фирми.
Криминално не се плаќа струја во наводно едно општество за сите.
Децата зимово најверојатно ќе останат дома зошто нема да има за греење на училишта.
Власт испокарана до гуша со фондација го дозакопа судството и обвинителството.
Убиството на ракометарот ќе го суди политички и професионално компромитирана судијка.
Никаква одговорност ни за Дурмо, ни за Беса турс, ни за кабелот во Тетово.
Неделно гинат по двајца работници на терен.
За секој потрошен милион капитална инвестиција 10% одат на неоправдани трошоци.
Непотизам и партизација цутат како никогаш досега, државата губи преку пола милијарда годишно на Рамковни и фамилии на функционери и партиски лидери.
Се прогласуваат кризни состојби за да се крадат народни пари и прават набавки во 4 очи, така беше со ковидот, така и со струјата.
Нови небодери и дивоградби што кај Холидеј Ин, што кај Треска.
Индиции за криминал со огревното дрво кое уште малку ќе стане 5 илјади денари по кубик.
Дивоградби ќе никнуваат во Охрид на археолошки локалитети.
Дивоградби во Маврово и Трница со вмешани функционери и понатаму си никнуваат.
Бугарија почна да се изживува и врз македонското малцинство во Албанија.
Дечко на 25 години умира во болница поради сепса по интервенција на заб.
Да не навлагаме во поскапувања и инфлација, нови давачки и остали срања, битно на секое поле сме пепел, кучињата лаат, а караванот си врви.
Ова системско распарчување и раскрчмување на државичево некад ќе мора да запре, пишува Ивор Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.