Актерот Сашо Tасевски на социјалните мрежи ги коментираше настаните во земјава и напиша:

Најмногу ги боли што нивната неспособност е лесно мерлива. Затоа немаат одбрана. Затоа нивните ботови и спинери се осеќаат глупо ко мора да ги бранат.

Ги боли тоа што реперот според кој избива нивната неспособност им е пред нос. Не може да се вадат дека тој репер е некаде далеку, во развиениот свет, па као: А бе ај, не можеме да се споредуваме со Кина или Германија!

Не бе, овој репер им боде очи. Тука им е. ВУЧИЌ.

До сега вакцинираше 3 милиони Срби и не знам уште колку Македонци, Црногорци, Албанци, Хрвати. Вие Заев и Филипче колку вакцинирате?

Вучиќ набави преку 12 милиони вакцини. И доби лиценца да ги произведува оние руските во Србија. Вие Заев и Филипче добивате милостина од него.

Вучиќ навреме купуваше вакцини од каде стигне, а вие Филипче и Заев баравтее провизии од купувањето вакцини и не купивте такаречи ниту една.

Вучиќ до декември ќе ја вакцинира цела Србија, значи 7 милиони луѓе, а вие Филипче со ова темпо ќе ви требаат 3 години да вакцинирате 1.5 милиони Македонци.

Вучиќ во јануари го разби најмоќниот нарко клан во Србија. Ниту еден од нив не избега. Сите ги стрпа во затвор. Вие Заев и Обиџуко кого уапсивте? Уапсивте ситни дилери, а големите нарко бандити со кои седите по кафани и се сликавте ги пуштивте да избегаат.

Вучиќ се промовираше во најспособен лидер на Балканот, а вие Заев се промовирате пред очите на светот како заштитници на нарко дилери од цел Балкан, продавајќи им македонски пасоши со лажни идентитети.

До таа мерка изгубивте доверба во очите на светот, што странски агенции за борба против нарко картели, без знаење на нашата полиција спроведе акција за нивно фаќање.

Кој може да го негира ова?

Кој може да ја одбрани оваа неспособност?

Нема таков. Колку и да е таен тој ваш советник платен со наши и пари.

Во меѓувреме, пак ве фатија како си возите моторчиња и отседнувате во скапи хотели покрај Радика, додека по 50 мртви од ковид имаме секој божји ден. Секој факинг ден.

Секоја чест за вашата нечувстителност, бруталност и глупотија. Психопати до јаја, што би рекол Вучиќ. А вие сте џуџиња во споредба со него. МиФки.

Најмногу ги боли што нивната неспособност е лесно мерлива. Затоа немаат одбрана. Затоа нивните ботови и спинери се…

Posted by Sasho Tasevski on Sunday, 11 April 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.