Претседателот на ДПА Мендух Тачи, партија која партиципира во Владата во емисијата „ClickPlus” на ТВ21 истакна дека чувствува дека СДСМ сака да направи влада без ДУИ.
Тачи рече дека е подготвен да соработува и со ДУИ, но под еден услов.

ДУИ не е мој противник, подготвен сум да преговарам со нив и да соработувам ако прифатат да бидам вицепремиер, рече Тачи.

Лидерот на ДПА рече дека лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села и лидерот на ДУИ Али Ахмети соработуваат против него.

Во гостувањето на ТВ21 во дебатниот магазин „ClickPlus”, лидерот на ДПА упати сериозни обвинувања за почитичката партија Алтернатива. Рече дека таа партија која се финансира од сомнителни извори, нешто од Турција, нешто од Иран.

Земети ги анализирајте ги прстените кои ги носат луѓето во Алтернатива. Тие се како прстенот на убиениот Касим Сулејмани од Иран, вели Тачи, кој напомена дека државата е нема во односот на начинот на финансирање на Алтернатива.

На книгите испечатени од Логос-А, ги има имињата на А.Г. и З.И. кои земаат хонорари по 4-5 илјади евра за една книга, а реално рецензиите се плаќаат по 500 евра на луѓе од Албанија. Па вие видете каде одат тие пари, кажа Тачи.

ВМРО-ДПМНЕ беа наши стратешки партнери, а денеска не ги познавам, рече лидерот на ДПА во врска со можноста за постизборно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ. Рече дека стратешкиот партнер на ДПА од 1999 година ВМРО-ДПМНЕ беше западна ориентирана, насочена кон ЕУ, а денеска не ја познава таа политичка партија како таква.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.