Во вечерашното дебатно издание „Click Plus“ на ТВ21 гостува лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Тој вели дека премиерот Зоран Заев жртвувал многу за државата да оди напред.

„Заев покажа храброст. Заев покажа визија за државата. Направи големи отстапки, на своја лична штета, но за доброто на државата. Ако Заев не носеше храбри одлуки, државата ќе одеше кон распаѓање, ќе имаше дестабилизација во земјата. Ќе имаше и војна можеби“, додава Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.