Во првите шест месеци од годинава донесени се вкупно 125 закони и одржани се 21 работа седница на Собранието, пет седници за пратенички прашања и две за обраќања, се наведува во публикацијата „Мој пратеник“. Од одржаните вкупно 28 седници 24 се завршени, а 4 се уште не.

Шампиони во недоаѓање на седници и овојпат се Мендух Тачи – присуствувал на само шест седници и Али Ахмети кој дошол 10 пати. Тука влегува и Никола Груевски, кој пак не е во државата. Ахмети и Тачи се оправдано отсутни па си ја земаат пратеничката плата до денар. И Борис Змејковски се најде на оваа листа, со шест присуства и 44 отсуства. Змејковски и тие шест пати кога бил присутен ништо не кажал ниту збор, а не учествувал ниту на едно гласање на пленарна седница.

Со 49 присуства од максимални 50 се пратениците Татијана Лалчевска, Јован Митревски, Алија Камберовски, Ристе Ташев, Милева Ѓоргиева, Кети Смилевска, Мира Стојчевска, Агим Муртезанов, Владанка Авировиќ, Снежана Калевска Ванчева, Никица Корубин и Елизабета Канческа Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.