Дури и во време на сериозна епидемија која предизвикува смрт на десетици граѓани дневно, во здравствениот систем се примаат кадри со врски, а не оние коишто покажале најдобри резултати во образованието и стручноста.

Ваквата реалност на македонскиот здравствен систем под водство на Венко Филипче, ја отсликува најновиот конкурс за вработување во амбулантата Железничар, на кој наместо најдобро рангираните кандидати, на работа се примени кандидати коишто биле на второ и дури шесто место на рангирањето.

За овој случај алармира Бодан Ѓорѓовски, чија сопруга била најдобро рангирана на конкурсот, но поради немањето политички врски, не ја добила работата.

Другари, сакам покрај тоа што веќе правно ја потегнавме целата ситуација да ја објавам и на ФБ за да ја видите реалноста во здравството наше и да видите каков кадар се пропушта а каков се прима во доба кога короната убива секојдневно.

 

Имено на 27.10 се поднесени документи за вработување во здравствена установа Железничар. Сопругата без партија позади себе самоуверена во сопствениот квалитет и резултат се пријави на конкурсот за работа. По пријавувањето следуваше стручно тестирање и англиски јазик по кој е објавена конечна ранг листа на која има просек од факултет и поени од испиот. По објавувањето на ранг листата на која Ана Спасовска Ѓорговска е ПРВА на список потпишан од трочлена комисија, двајца доктори и правник, следува интервју со Маријана Данчиќ за да ги запознае кандидатите.
По тоа интервју директорката Маријана Данчиќ денеска ја објавува конечната одлука каде се примени 2 општи докторки кои на ранг листата се ВТОРО И ШЕСТО МЕСТО.

 

Резултатите од испитот и од просекот кој е 9.48 се исфрлаат и се примаат лица со далеку послаб успех кои утре треба да ги лечат граѓаните.

 

АНА СПАСОВСКА ЃОРГОВСКА, КАДАР ЗАВРШЕН НА УНИВЕРЗИТЕТ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ СО ПРОСЕК 9.48 И ПРВА НА РАНГ ЛИСТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Е ПОТИСНАТА ОД ЛИЦА КОИ СЕ СО ДАЛЕКУ ПОСЛАБ РЕЗУЛТАТ ПО ПРОСЕК И НА СТРУЧНОТО ТЕСТИРАЊЕ ЗА ВЛЕЗ НА РАБОТНОТО МЕСТО – реагира Ѓорговски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.