Уште еден сведок на Стефанова на денешното рочиште за „Титаник“ призна дека постапката за издавање на лични карти во Ресен била законска и дека во предметниот период на обвинението издале 50 лични карти, а останатите 300 барања не биле процесирани. Иако очигледна беше инструкцијата и подготвеноста и координацијата со Лиле Стефанова, сепак во вкрстеното испрашување Гордана Јанкулоска Потиќ сепак призна дека постапката ја водела по закон и дека се водела врз основа на проверките од терен кои пак не се врзани со никакво законско ограничување на бројот на лица кои се водат на една адреса. Очигледна беше нервозата на Стефанова која на паузата ги повика новинарите од провладините медиуми кои го следат судењето за да им даде насоки како да известуваат во текот на рочиштето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.