Во Скопје пристигна високата косовска делегација предводена од премиерот Албин Курти.

Во рамки на пречекот, пред Владата беше организирана церемонија за официјален пречек по што следува тет-а-тет средбата на премиерите Зоран Заев и Курти.

Според агендата, предвидени се и билатерални средби на министрите од владите на двете земји.

Заедничката седница на владите ќе се одржи веднаш по средбите на премиерите и министрите и на неа, според најавите, ќе бидат потпишани повеќе меморандуми и договори за соработка од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иноваци и технолошки развој.

Во завршницата на овој настан, премиерите Заев и Курти во 13:30 часот ќе одржат прес-конференција.

Ова е прва заедничка седница на владите на Македонија и Косово во полн состав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.