Кандидатите за пратеници во петтата изборна единица Сирија Рашиди и Ремзи Мехмеди, вчера свечено ја отворија работата на изборниот штаб на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива во Струга. Пред граѓаните на Струга, потпретседателот на Алијансата за Албанците, Ремзи Мехмеди, кој се најде на второто место на списокот на кандидати за пратеници, ја претстави програмата
„Држава за сите“, зборувајќи со посебен акцент за образованието и здравството.

Мехмеди ги повика струшките активисти да се воздржат од евентуална провокација од страна на политичките противници. Тој ги повика граѓаните на масивно обединување и легитимитет за заедничка иднина.

Актуелниот пратеник и носител на списокот на кандидати за пратеници во петтата зона од коалицијата АА-ААА, Сирија Рашиди, учествуваше во почетокот на работата на изборниот штаб на Струга. Рашиди ги извести граѓаните на Струга дека расте поддршката за коалицијата „Сега е време“, која на изборите на 15 јули ќе постигне голема победа за да се донесе заслужената промена кај Албанците.

Рашиди зборуваше и за играта што ДУИ ја игра со наводниот албански премиер. Според него, ДУИ се приклучила и со Љубе Бошковски, само за да го порази албанскиот кандидат во Струга, газејќи ја волјата на албанското мнозинство. Според Рашиди апсурдно е да се мисли дека премиерот ќе носи еднаквост, бидејќи еднаквоста го носи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.