Rockwell B-1 Lancer“ е вистинското име на авионот кој утрово за неколку минути ја прелета Македонија за да ни посака добредојде во НАТО. Вакво летало за првпат доаѓа на нашето небо и вистински „ѕвер“.

Иако е произведен за првпат во седумдесетите години, постојано се модернизира и се уште е во фунција во американската војска и во НАТО.

„В1“ може да лета на голема далечина и на ниска надморска височина и тоа го прави привлечен за различни географски услови. Бил користен во заливската војна во крајот на осумдесетите години, но она што е поинтересно и во бомбардирањето на НАТО на Косово во 1999 година.

Овој бомбардер може да  полетува со максимално можно оптоварување на гориво и оружје, а цената му е 400 милиони долари. И покрај тоа, важи за еден од поевтините.

Придружбата на „Rockwell B-1 Lancer“ ја сочинуваа грчки „F-16“ ловци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.