Горан Сугарески, член на Централниот одбор на СДСМ на новинарско прашање по повод објавениот документ од истрагата за „Рекет“ рече дека „остануваат посветени на заложбата од Декларацијата за борба против криминал и корупција“.

Според нашите сознанија нема вмешани функционери на СДСМ во овие случаи. Добар дел, без оглед дали е тоа Фејсбук статус, тоа е нивна изјава, многу јасно го кажаа она што го мислат, рече Сугарески, оценувајќи дека комуникацијата во партијата е одлична меѓу сите функционери.

Тој подвлече дека се подготвени доколку се докаже некаква одговорност за кој било функционер да ја понесат одговорноста.

Апсолутно нема простор кој било да биде амнестиран поради тоа што е на која било позиција во владата или во СДСМ. Остануваме посветени на тоа, а судските органи можат да ги употребат сите алатки за кој било функционер од СДСМ – рече Сугарески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.