Републичкиот Судски совет на денешната седница го разреши од судиската функција поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, потврдија за МИА од Судскиот совет.

На денешната седница за претседатели на основните судови во Струга и Кавадарци беа избрани Ифет Бајрамовски и Лазар Нанев, кои воедно беа и единствени кандидати.

Членовите на Судскиот совет го изгласа и Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за судии од Академијата за судии и јавни обвинители.

На денешната седница беше одложена точката за избор на шест судии на Апелацискиот суд Скопје, тројца судии за кривична област, двајца судии за граѓанска област и еден судија за стопанска-трговска област. Одложувањето на оваа точка е поради немањето координација и согласност меѓу членовите на Советот.

Поради обемниот дневен ред истата седницата ќе продолжи во понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.