Деновиве повторно актуелен е случајот на СЈО наречен „Тортура“, каде еден од обвинетите е Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, за наводна тортура која била извршена брз Љубе Бошкоски при неговото апсење.
Фактите и реалноста се нешто сосема спротивно. Дојдовме до документ од кој јасно се гледа дека и Бошкоски и неговиот тогашен бранител Љубомир Михајловски – Џанго, сега претседател на адвокатска комора, се потпишале на записник на МВР во кој се констатира дека апсењето било извршено регуларно и дека против Бошкоски не е применета прекумерна сила.
Тоа е офцијален документ, кој е материјален доказ од времето кога истиот е уапсен и ги негира сите понатамошни конструкции.


Дека случајот „Тортура“, како и сите случаи на СЈО, е политичка конструкција потврдува и Народниот правобранител, кој во писмен одговор до сопругата на Бошковски вели дека неговата ситуација е добра, дека му се почитуваат сите права во затворот и дека дополнително добива поголема лекарска грижа, соодветна на неговите потреби. Таквите информации правобранителот ги добил од разговор со Бошковски во затворот, без присуство на луѓе од затворската управа, т.е. во четири очи.
Официјалниот документ го приложуваме во продолжение.


Записникот од МВР кој го потпишале и Бошковски и неговиот бранител, како и документот од Народното правобранителство се крунски материјален доказ дека немало повреда на законите при апсењето на Бошковски, што и самиот тој го потврдил и потпишал. Двата документи уште еднаш покажуваат дека обвинението за „Тортура“ е бледо и неиздржано, како и дека истото согласно судската пракса треба да биде одбиено, како последица на немање докази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.