Судот за човекови права во Стразбур го одби барањето на бизнисменот Орце Камчев на државата да и се изрече времена мерка, објави „Фокус“.

Ова всушност значи дека судот одби да и наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор и да му бидат извршени прегледи од кардиолог.

Адвокатите на бизнисменот Камчев во изминатиот период постојано реагираат дека здравствената состојба на нивниот клиент е влошена, а тој, наводно, не го добива содветниот лекарски третман додека е во притвор. Тие реагираа во Европскиот суд за човекови права од каде што побараа одговори од македонската Влада.

Од Кривичниот суд за “Фокус” појаснуваат дека му било дозволено и лекари од приватна клиника да го прегледаат во затворот “Скопје”.

-Во текот на изминатиот месец по барање на одбраната, судот има дадено дозвола  медицински лица од приватна клиника да извршат преглед на обвинетиот во присуство на затворскиот лекар. Воедно во текот на овој месец од страна на Затворските служби судот е известен дека обвинетиот бил тестиран за присуство на вирусот Ковид – 19, кој бил негативен, како и известување дека обвинетиот бил вакциниран со трета доза за Ковид -19, појаснуваат од Кривичниот суд.

Од правниот тим на Камчев,  пак алармираа  дека медицински белешки потврдени од кардиолози од Македонија како и од кардиолози од Австрија и Словенија укажуваат на тоа дека тој спаѓа во групата на „пациенти со висок ризик од смрт поради кардиоваскуларни проблеми’’ и постои висок ризик со животозагрозувачки последици доколку неговата состојба не е соодветно третирана и следена.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.