Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, е делумно задоволен од пресудата на Основниот суд Скопје 2, кој одлучи да го прифати тужбеното барање на Вице Заев, само во еден дел од тужбата за навреда и клевета.

На денешното изрекување на пресудата не се појави ниту Вице Заев, ниту неговиот адвокат.

Во однос на тоа дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата, денес потврди судот, а вчера потврдија граѓаните на изборите, со резултатот кој го имавме. Така што, потврдено од суд, Вице Заев е главен бизнис фактор во државата, посочи Николоски.

Според Николоски, пресудата укажала дека Вице Заев вршел притисок врз судот со цел да се прифати дел од тужбеното барање со цел да се обели образот на братот на премиерот.

Очигледно е дека судот, односно судијата бил под сериозен притисок и се обидувал она што е очигледно и јасно да го направи на начин што Вице Заев нема целосно да го изгуби образот. Ќе се жалам на Алепација тужбеното барање целосно да биде одбиено, а не делумно, рече Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.