Иако се очекуваше денеска да има одлука дали вештакот Илија Тунџев може да го презентира своето вештачење во случајот тоа не се случи. Иако тој денеска се појави во судот, одбраната се побуни дека тој не може да вештачи и судечкиот совет одлуката ќе ја соопшти на рочиштето во петок во 11 и 30 часот.

Претходно судот не го почитуваше мислењето на Антикорупциската комисија која смета дека има конфликт на интереси Тунџев да биде вештак во овој суд бидејќи истовремено е и директор на Агенцијата за катастар.

Случајот „Топлик“ уште повеќе се заплеткува откако Судскиот совет му одоговори на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев дека не е надлежен да дава мислење  за законските одредби од Законот за судови.

Воедно Советот го потсетува Џолев дека тие избираат и разрешуваат судии и поротници на предлог на надлежниот суд. Во случајов Џолев треба да изготви решение за разрешување на поротникот Сандев. Со тоа случајот „Топлик“ мора да се врати од почеток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.