Основниот суд денеска ќе побара од собранието да му се одземе пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер Трајко Велјаноски, по синоќешниот распит во јавното обвинителство.
Единствено само Велјаноски беше привремено ослободен како осомничен за упадот во собранието на 27 април, додека поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски добија 30-дневен притвор поради можност за бегство и влијание на сведоци откако беше обелоденето дека преку еден центар го координирале „крвавиот четврток“.

Вељаноски е единствениот кој можеше да се повика на пратенички имунитет, но истиот може да му биде одземен уште денеска со апсолутно мнозинство на гласови од страна на пратениците со што би завршил во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.