Судијка која треба да оценува обвинителниот акт за најновиот, петти, случај за настаните на 27 април Оља Ристова на Фејсбук лајкувала статус напишан од нејзиниот брат Боби Илиевски а во врска со апсењето на поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Според адвокатите на осомничените, лајкот на објавата на фејсбук значи дека судијката покажува допаѓање кон информацијата за апсењето на Атанасовски, што пак значи дека е можно да биде пристрасна кон случајот во кој Атанасовски заедно со уште неколкумина е осомничен дека бил дел од т.н. организатори за случајот со т.н. тероризам на 27 април.

Ристова не го негирала „лајкот“ на статусот кај нејзиниот брат, но судот бил зачуден „зошто баш денес овој аргумент бил изнесен“.

Адвокатот, кој го приложил овој аргумент, известил дека неодамна го открил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.