Во скопското Јавно обвинителство, во текот на вчерашниот ден, е поднесена кривична пријава која се однесува на актуелниот претседател на Судскиот совет, Киро Здравев, и членовите на тоа тело, судијките Гордана Спиреска и Весна Дамева. Како подносител на пријавата се јавува поранешната претседателка на скопскиот кривичен и на Врховниот суд, судијката Лидија Неделкова, кој можеби само формално ги обвинува споменатите дека сториле злоупотреба на своите службени овластувања, но дека реално, ја искористиле нивната службена позиција за издејствуваат постапка за нејзино евентуално разрешување, пренесе Правосудство.

Имено, Неделкова, која на пошироката домашна јавност и стана позната по судирот со некогашниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, односно по нејзината иницијатива за негово повикување на одговорност во работата, сега е во ситуација да мора да се брани од Судскиот совет и тоа токму по поднесениот предлог за поведување постапка, кој, пак, против неа, уште на први април 2019 година, го достави Вангеловски. Овој случај можеби и немаше да дојде до кривично пријавување, доколку се останеше на заклучоците кои беа донесени кон крајот на минатиот август, кога беше донесена предлог-одлука за запирање на постапката против судијката Лидија Неделкова.

Но, проблем ќе настане кога на седница на Судскиот совет, одржана минатиот октомври, предлогот не бил прифатен, а без потребен број на гласови од членовите на Судскиот совет, тој ќе биде вратен на доработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.