Судија Владимир Панчевски во својот пост на фејсбук го објаснува планот како да се спаси Катица Јанева, третоосомничена во случајот „Рекет“ чие судење почнува утре, на 3 декември.

Обвинета е за Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 вв со ст.1 тоа значи за штета или корист од поголема вредност, нели онаа корист од 5.000 евра за мебелот кои ги добила од обвинет да ја злоупотреби службената положба…

Свесно за праксата за вакви кривични дела и по правната теорија бвинителството поднесе обвинение за ваков минорен настан! Навидум се личеше на победа дека Катица и СЈО се криминална структура на власта но реалноста е друга….

Согласно праксата и теоријата на кривичното право во Македонија службено лице за својот мандат може само еднаш да одговара кривично за Злоупотреба, секое друго – ново дејствие на криминал кое би се открило ќе биде веќе пресудена работа, а тоа не влијае на еднаш утврдената казна, туку само судот констатира со дополнителна пресуда нова штета!

Значи ако Катица биде осудена сега 1 година или условно построга казна нема да добие никогаш повеќе зошто едно службено лице правно еднаш ја злоупотребува службената положба и за истото дело не може да му се суди повторно и повторно!

Ете тоа е измишљотината на Јовевски, Спасовска, Русковска заедно со Заев, Шеќеринска, Десковска и Катица тоа е тајната спогодба на Злосторничкото здружение на власт, тоа е трикот да му ги замачкаат очите на народот за сите злоупотреби на Катица Јанева и злосторничкото здружение!

Проверете ја праксата и прашајте го “академикот” ако не ми верувате мене, пишува Панчевски на фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.