Одбраната на обвинетите во случајот „Топлик“ денеска побара изземање на обвинителот Бурим Рустеми. Адвокатите сметаат дека Рустеми треба да биде изземен поради неговото тенденциозно однесување за време на постапката.

Судијата Осман Шабани, кој денеска беше видно нервозен и постојасно се закануваше со отстранување од судницата, рече дека поради ова барање нема да го прекине денешното рочиште.

Тој ги советуваше да поднесат писмен поднесок за разрешување кое тој ќе го достави до Републичкиот јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.