Подружницата на судии на Кривичниот суд Скопје повторно го избра судијата Илија Трпков за претседател на подружницата.

Како што информираат, реизборот на судијата Трпков е поради претходните успешни активности и потврдена анимација на работата на Кривичниот суд Скопје.

Сето ова е во интерес на самите судии и сите принципи на обезбедување на правдата согласно законите и Уставот и ратификуваните меѓународни договори. Подружницата се залага за сите права на судиите, како и за правата на граѓаните-странките во постапката. Очекуваме конструктивни предлози кои соодветно ќе ги проследиме и реализираме – се вели во соопштението од Подружницата на судии на Кривичниот суд Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.